Централната банка на Шпанија донела одлука за постепено повлекување на банкнотите од 50 евра од оптек, а сè ќе започне веќе овој април. Причината за оваа мерка е големиот број оштетени банкноти кои се обележани со мастило од безбедносните системи против кражба, инсталирани во банкоматите, пренесуваат шпанските медиуми.
Токму банкнотите од 50 евра, заедно со оние од 20 евра, се најчесто во оптек во Шпанија, но исто така и најизложени на обиди за фалсификување и оштетување поради активација на заштитниот систем при обид за кражба.
Станува збор за системи кои при обид за неовластено отворање на банкомат ослободуваат специјално мастило што трајно ја оштетува банкнотата и ја прави неискористлива. Според Централната банка, овие оштетени банкноти повеќе не смеат да се користат во секојдневните трансакции. Покрај борбата против фалсификатите, целта на повлекувањето е и зголемување на безбедноста пред летната туристичка сезона, кога во Шпанија се забележува значително поголем промет на готовина.
Иако готовината сè уште доминира како најчест начин на плаќање, податоците од Централната банка покажуваат се поголема популарност на дигиталните методи – картички и апликации како Apple Pay и Google Pay.
![]()

