Кина со нов удар врз САД: Автоиндустријата под закана од колапс

Пекинг воведе нови ограничувања на извозот на ретки земни елементи како одговор на американските царини, што може да доведе до сериозни пореметувања во глобалната автомобилска индустрија, предупредуваат експерти.

Со проширување на забраната за извоз на седум критични ретки елементи и магнети, Кина го таргетира производството на електрични возила, ветерни турбини и воена опрема. Овие елементи – како диспрозиум, тербиум и самариум – се суштински за напредни магнети кои издржуваат високи температури, пишува „Фајненпал тајмс“.

Ограничувањата доаѓаат откако претседателот Доналд Трамп воведе нова царина од 145% за одредени кинески производи. Кинеската реакција, според извор од автомобилската индустрија, е „удар каде што најмногу боли“, со цел компаниите да извршат притисок врз своите влади за промена на трговската политика.

Експертите предупредуваат дека залихите на магнети би можеле да се исцрпат за три до шест месеци, а некои компании имаат резерви само за два месеца. Доколку нови пратки не пристигнат навреме во ЕУ или Јапонија, се закануваат сериозни прекини во ланците на снабдување.

Пекинг, кој има речиси монопол врз преработката на ретките елементи, сега бара извозниците да добијат дозволи за секоја пратка, а строго е забрането препраќање во САД.

Иако лесните ретки елементи засега не се опфатени со мерките, аналитичарите предупредуваат дека Кина има простор за нови ескалации доколку трговската војна продолжи.

Loading