Страшна трагедија: Најмалку 29 ученици загинаа во стампедо во училиште во Централноафриканската Република

Најмалку 29 ученици го загубија животот во трагичен инцидент што се случи денеска во главниот град на Централноафриканската Република, Банги, откако експлозија предизвика паника и стампедо во средно училиште, соопштија локалните власти, а пренесуваат странските новински агенции.

Според официјалното соопштение, најмалку 260 лица се повредени и моментално се хоспитализирани.

Министерството за национално образование информира дека експлозијата настанала кога се вратила струјата во училишниот електричен трафостаница по претходен дефект.

Поголемиот дел од жртвите, меѓу кои и 16 девојчиња, починале на самото место, додека останатите им подлегнале на повредите во болница. Проценките се дека во моментот на несреќата, околу 5.000 ученици се наоѓале во училиштето поради испитна сесија.

Loading