Теона Стругар Митевска го отвора престижниот сегмент „Хоризонти“ на 81. Меѓународен филмски фестивал.
Денес, 26 август 2025 година, се одбележуваат 115 години од раѓањето на светски познатата хуманитарка Мајка Тереза во Скопје. Во пресрет на овој јубилеј, утре, 27 август, на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција ќе се одржи светската премиера на филмот „Мајка“ (Mother), во режија на Теона Стругар Митевска.
Филмот ќе ја отвори престижната програма „Хоризонти“, посветена на најновите авторски и уметнички трендови во светската кинематографија. „Мајка“ го прикажува животот на Мајка Тереза во Каликута во 1948 година, во клучниот момент кога таа ја донесува одлуката да го напушти манастирот и целосно да се посвети на сиромашните.
Оваа копродукција на Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина ја собира во главните улоги светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.
Официјалната премиера ќе се одржи утре во 16 часот во Сала Дарсена, како дел од фестивалската програма.
![]()

