Легендарниот американски актер Роберт де Ниро ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворање на 78. Филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржи од 13 до 24 мај, соопштија денеска организаторите.
„Многу го сакам Канскиот филмски фестивал. Особено денес, кога толку многу нешта во светот нè разделуваат, Кан нè обединува. Како да се враќаме дома“, изјави 81-годишниот актер во соопштението што го објавија организаторите на фестивалот, пренесе Фигаро.
Четиринаесет години откако претседаваше со жирито во 2011 година, актерот, режисер и продуцент ќе добие признание за целокупната кариера, обележана со улоги што станаа култни, вклучувајќи ја и легендарната соработка со Мартин Скорсезе, особено во филмот „Таксист“, за кој ја освои Златната палма во 1976 година.
![]()

